Тој за МИА вели дека водостојот на Брегалница, која поминува низ градот Штип е зголемен и тоа кај населбите „8 Ноември“ и „Ново Село“, а надлежните од ЈП „Исар“ стравуваат да не дојде до зголемување на водостојот и излевање на реката, со што би дошло до поплавување на
Се очекува по состанокот на Кризниот штаб, градоначалникот Јорданов да даде изјава за медиумите и да информира за состојбата на терен, како и за тоа што ќе биде преземено од страна на надлежните институции.
Киро Маџунаров, кој речиси три децении секој ден го мери водостојот на реката Брегалница, кај штипско Ново Село, а исто така и врнежи од дожд и снег, вели дека попладнево измерениот водостој на реката бил над два метри. Посочи дека загрижува зголемувањето на водостојот, но низ годините и неговите податоци покажуваат дека критично ниво и алармантно за штипскиот регион е кога нивото на водата ќе достигне над два и пол метри, по што доаѓа до излевање на водата од коритото. Забележува дека невообичаено е за овој период од годината да има поголеми, пообилни врнежи од дожд, со што доаѓа и до зголемување на водостојот на Брегалница, но и на нејзините притоки.