Инаку, на вчерашниот протест пред Владата, организаторите на настани истакнаа дека грантовите и конкурсите се добра пракса, но не претставуваат никаква помош.

– „Протест пред Владата – инвент индустријата бара грантови, а не конкурси.“ Сите што некогаш во својот професионален ангажман се бореле да дојдат до работа знаат дека за да ДОБИЕШ ГРАНТ треба да КОНКУРИРАШ, наведува Забрчанец.

Тој додава дека за милион евра наменски определени исклучиво за да се обезбеди работа за ивент менаџмент индустријата, секоја компанија треба да осмисли концепт, да конкурира, да ги исполни едноставните услови и да добие грант за да сработи настан.

– Пари има, милион евра. Треба да се осмисли, да се конкурира и да се работи. Може и да се протестира се разбира, ама тоа би било разбирливо ако немаше пари за ивент индустријата. А сега има. Милион за грантови и уште толку за бескаматни кредити. И сега? Да се протестира или да се конкурира?, додава Забрчанец во објавата на Фејсбук.

ДА СЕ ПРОТЕСТИРА ИЛИ ДА СЕ КОНКУРИРА ЗА ГРАНТ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СРАБОТИ?

“Протест пред Владата – инвент индустријата бара…

Posted by Marjan Zabrcanec on Monday, April 12, 2021