Како што пренесуваат локалните медиуми, на Дијаз Ајузо (42) ќе и биде потребна поддршка од уште една партија за да продолжи да управува со регионот.

Наместо заклучување за време на пандемијата, Дијаз Ајузо успеа да ги стави економијата и социјалниот живот во преден план, поради што ја доби довербата на угостителите и жителите на Мадрид, кои се познати по активниот ноќен живот.

Народната партија е на власт во регионот Мадрид 26 години, а убедливата победа на денешните избори, како што пренесуваат локалните медиуми, ќе и даде поттик и на национално ниво.

Повеќе од пет милиони граѓани денеска имаа право на глас за 136 членови на локалниот Парламент на шпанскиот автономен регион Мадрид.