Во вториот круг од претседателските избори во Хрватска до 11:30 часот гласале 13,80 отсто од вкупниот број избирачи.

На претходните претседателски избори во 2019 година, до 11:30 часот гласале 18,87 отсто од гласачите, јавуваат хрватските медиуми.

Во седум градови во Босна и Херцеговина се гласа и за претседател на Хрватска.

Од Државната изборна комисија велат дека изборите во моментов течат мирно и со занемарливи поплаки за прекршување на изборниот молк.

Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кој ќе учествуваат актуелниот претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ и кандидатот на ХДЗ и партнерската партија Драган Приморац.

Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 19:00 часот, до кога е на сила изборниот молк.

Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи.