Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Единствен кандидат на денешните внатрепартиски избори е актуелниот претседател на партијата, Зоран Заев.

Ова предизвика низа реакции на социјалната мрежа Твитер.