Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се:
Категорија ресторани
1 место: Пелистер
2 место: FOUR
3 место: CARPE DIEM
Категорија гостилници
1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Дукат
Категорија Lounge и мезе барови
1 место: ДISTRIKT BAR &KITCHEN
2 место: Public room
3 место: SOUL KITCHEN
Категорија кафулиња
1 место: Mr. Jack
2 место: CHILLIN’ BAR
3 место: DEUS
– Агенцијата ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителск ите објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти, соопшти Град Скопје.
Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи:
Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување)
Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени)
Ковид критериуми- (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција)
Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки)
Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика)
Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување)
Општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка)
Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус)
Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување)
Од Град Скопје соопштија дека и оваа година доделувањето на плакетите се одржа согласно протоколите за Ковид-19, односно со ограничен број на лица, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот.