Партијата Демократска унија за интеграција – ДУИ, во Битола одржа средба со членови и симпатизари на таа партија. Како што велат од партијата, средбата била составен дел на внатрешните демократски процеси на партијата.

Во изјава за медиумите, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, истакна дека средбите со членството и граѓаните се со цел да се слушне нивниот глас, нивните забелешки и идеи, и се дел од демократските процеси внатре во ДУИ.

Ние имаме свои забелешки за владиниот состав, сакаме да го слушнеме и гласот на членството, на граѓаните и врз основа на тоа потоа заедно да донесеме заклучоци. Ние немаме дилеми околу стратешките ориентации на владата. Ние сме придонеле за стратешките прашања и ќе придонесуваме и понатаму, изјави Меџити.

Тој додаде дека серијалот средби со членството е составен ден на еден демократски процес внатре во ДУИ.