Гореле стари и неисправни вагони
Во магацинот меѓу општините Кисела Вода и Аеродром утрово изби голем пожар каде според неофицијални информации гореле стари и неисправни вагони. Биле опфатени и локомотиви, а од МВР ги соопштија деталите.
Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, но повторно се активирал
Активен, локализиран, па повторно активен пожар
Во воздухот се чувствува миризбата од големиот пожар којшто се случил ноќеска во депото зад мене во Македонски железници Транспорт. Во 1:45 било пријавено дека тука има пожар. Пожарот бил локализиран во 3:30. Во 9 часот утринава било пријавено дека пожарот е активиран.
Пожарникарите се на терен
По интервенцијата на противпожарната бригада пожарот бил целосно изгаснат. Во моментот на терен дежураат скопските пожарникари за да не дојде до повторно палење.
„Целосно изгаснат пожарот во МЖ Транспорт. Ноќеска избувнал оган во магацински простор каде што се чувале стари вагони. Интервенирале 30 пожарникари со 10 возила. Надлежните ќе ја утврдуваат причината за несреќата“, изјави Томовски за МРТ.
Штетата дополнително ќе се утврдува. На терен инспектори на МВР собираат докази за да се утврди причината за избувнување на пожарот.