40-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од сопственик на салон за мебел.

– На 29.12.2022 во 15.00 часот во СВР Тетово, 40-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од сопственик на салон за мебел. Според пријавеното, пред два месеци таа отишла во салонот во тетовско село и порачала инвентар за кујна. Како што е пријавено, неколку пати после тоа му дала вкупно 1350 евра, но до денот на пријавувањето тој не ја доставил нарачката, ниту пак ги вратил парите, информираат од МВР.

Се преземаат мерките за расчистување на случајот.