Типичната измама со сообраќајки доби нова верзија, откако 77-годишна скопјанка пријавила во СВР Скопје дека била измамена за 150.000 денари, откако телефонски била убедена дека нејзината ќерка наводно се повредила и итно ѝ е потребна операција.

Според пријавата, непознато машко лице ѝ се претставило како доктор и ѝ соопштило дека ќерка ѝ паднала додека ги шетала кучињата и дека мора веднаш да се платат хируршки трошоци. Жената, верувајќи во приказната, ги оставила парите на претходно договорена локација.

Дури по разговор со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.