Во соопштението од МВР се вели:

– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот

Од МВР, информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.