Постигнати цели и стратегиска предност
Израел соопшти дека ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за билатерално примирје со Иран, по завршувањето на воената операција „Рајзинг лав“. Според соопштението на Канцеларијата на израелскиот премиер, земјата го постигнала планираното и дури го надминала.
ТРАМП ШТОТУКУ ОБЈАВИ: Израел и Иран постигнаа договор за прекин на огнот
„Израел ја елиминираше двојната непосредна егзистенцијална закана, и во сферата на нуклеарната програма и во областа на балистичките ракети. Нашите одбранбени сили обезбедија целосна доминација над воздушниот простор на Техеран, нанесоа сериозни загуби врз воениот врв на Иран и уништија десетици приоритетни цели поврзани со владините структури во земјата“, се наведува во соопштението.
Поддршка од САД и предупредување за идни провокации
Во изјавата, Израел ја изрази својата благодарност до американскиот претседател и Соединетите Американски Држави. Тие велат декадобиле „поддршката во одбранбените напори и учеството во отстранувањето на нуклеарната закана што произлегуваше од Иран“.
„Ќе реагираме одлучно на секое прекршување на примирјето“, стои во заклучокот од израелската изјава.
Претходно, претседателот Трамп најави дека прекинот на огнот ќе започне да важи веднаш, откако иранска балистичка ракета удри во станбена зграда во градот Бершеба, при што загинаа најмалку четири лица. Засега останува на ред иранската страна која се уште се нема огласено.
Извор: Плусинфо