Во текот на посетата на градот Ашкелон, тој нагласи дека Израел нема да ги слуша моралните предавања против својата должност да ги заштити израелските граѓани.

– Израел не се подготвува за прекин на огнот. Моментно нема датум за завршување на операциите, истакна Ганц.

Истовремено, израелската Служба за безбедност Шин Бет идентификувала четворица највисоки команданти на движењето Хамас кои загинале денеска во заедничката операција со израелските одбранбени сили.

Шин Бет нагласи и дека, покрај тоа, се убиени уште десет оперативци од одделот на Хамас за производство, истражување и развој на оружје.