Во периодот од 14 до 20 јуни 2021 година Министерството за внатрешни работи спровело акциска контрола на територијата на државата по однос на неисполнување на пропишаните услови на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
При контролата, соопштија денеска од МВР, се санкционирани 100 учесници во сообраќајот, од кои 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.