На 04.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 23 мерки и тоа 16 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 7 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 6 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
На 04.11.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли на возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, кај два автобуса констатиран е неисправен уред за сопирање (Охрид-01, Дебар-01), поради што веднаш се исклучени од сообраќај.