Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 244 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 242 надвор од населено место.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.