Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Ј.Б. од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 2 ноември 2026 година во семејниот дом, каде што пријавениот физички го нападнал својот татко и истовремено му упатувал сериозни закани по животот.