Кога се прославува Велигден?
Велигден се слави првата недела по полна Месечина по пролетната рамноденица.
Исто така, православниот Велигден не може да се празнува ист ден или пред Пасха (еврејски подвижен празник). Кај православните христијани, кои го користат стариот јулијански календар (Српската, Руската, Ерусалимската црква…), како и кај православните христијани кои го користат Миланковиќевиот реформиран јулијански календар (Грција, Бугарија, Романија, Цариградската, Кипарската и Александриската црква), Велигден е секогаш меѓу 4 април и 8 мај. Кај останатите христијани кои го користат новиот грегоријански календар, Велигден е секогаш меѓу 22 март и 25 април.
Петокот пред Велигден се смета за најтажен ден во христијанството, бидејќи тој ден Исус Христос бил осуден и распнат на Голгота во Ерусалим. Осуден дека проповеда учење за кое се тврдело дека е во спротивност со верските принципи и законите на јудаизмот, гладејќи што прават војниците и народот со него, рекол: Татко, прости им, бидејќи не знаат што прават.
На Велипеток сите постат, па дури и тие кои инаку не постат цел велигденски пост. Тие кои постеле цел пост или макар една недела, на Велипеток постат строг пост. На тој ден не се служи литургија во црква, освен ако се Благовести. На Велипеток не се пее, не се весели, тоа е ден на тага и општа тишина, ни детски плач не смее да го наруши. Дури ни мртви не се закопувале на овој ден, да не се нарушува земјата во која лежи Исус.
Што претставува велигденското јајце?
Јајцето претставува симбол на живот, т.е. го симболизира воскреснувањето на Исус Христос. Јајцата се вапсаат на Величетврток или Велипеток, најчесто во црвена боја, која ја симболизира крвта на Исус. Првото обоено јајце се смета за чувар на куќата и нему му се припишува посебна важност. Како што вели името, првото јајце се смета за заштитник на домот и се чува до идниот Велигден.
Кршење со јајца
Еден од најрадосните и најубавите обичаи за Велигден е кршењето со јајца. Тогаш настанува веселба и натпревар чие јајце е најсилно, што претставува радост за децата. На Велигден прво се јадат јајца, па потоа другото јадење. Гостите кои ќе дојдат во домот на Велигден се даруваат со јајца. Исто така јајца се даруваат и кога се оди на гости. Во Србија секоја година се организира светски натпревар во кршење кокошкини јајца во Мокрина.
Христос воскресе! Ваистина воскресе!
Кога ќе осамне денот на Христовото воскресение, од сите цркви долго ѕвонат сите ѕвона, јавувајќи го доаѓањето на најголемиот христијански празник. Народот меѓусебно се поздравува со зборовите Христос воскресе! Ваистина воскресе! Тој поздрав трае сè до Спасовден, т.е. до Христовото вознесение, кој паѓа на 40 ден по Велигден. Домаќинот со своите деца оди во црква на света велигденска служба. Тие кои постеле цел велигденски пост или барем една недела се причестуваат на крајот на литургијата.
Извор: Вечер