СДСМ се оддалечени од народот, не гледаат што мисли народот за нив и што мисли за нивната работа. Тие се убедени дека добро владееле и не сфаќаат колку беа неспособни и колку ништо не ооставаат зад себе и затоа се вакви резултати, изјави кандидатот за градоначалник од ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски.
Тој вели дека СДСМ толку ништо не направиле за Карпош што каде и да одат во оваа кампања се движат по локациите кои Јакимовски ги направил како градоначалник, затоа се што има да понудат е црна кампања.
– Кај и да отидат СДСМ во Карпош мојата работа ги следи, на Млечен прават митинг, таму плоштадот го направив јас, имаа средба во Влае исто на плоштад кој јас го направив, Карпош 3 исто така, спроти студентскиот дом Гоце Делчев исто така, улиците по кои возат јас сум ги направил, мојот дух насекаде ги следи, а билбордите против мене им се врв на нецивилизирано однесување, рече Јакимовски.
Тој истакна дека ако се спореди неговата работа со таа на СДСМ, во улици и канализација неговата се мери во километри, а на СДСМ во метри, во фасади на згради 54 наспроти 1, додека за плоштади нема ни споредба.