„Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас победив како Новак Ѓоковиќ. Сакам да кажам дека не газам на трула даска. Го чувствував пулсот на граѓаните на Карпош и ќе работам за доброто на сите“, рече Јакимовски.
Јакимовски: Победив како Новак Ѓоковиќ!
Ј
Стевче Јакимовски вчера вечер прогласи победа во градоначалничката трка за Општина Карпош и порача дека го чувствувал пулсот на неговите сограѓани од Карпош. Притоа, тој вети дека ќе работи за доброто на жителите на оваа општина.