Јакимовски додаде дека не може цело време да говори кандидатот за бетонизација, урбанизација, дека ќе поништува планови и ќе прави ревизии и ништо друго од проекти да не каже.

-Сметов ќе оди под земја, ќе направиме боксови под земја, ќе ставиме подземни контејнери и горе воопшто нема да има контејнери. И треба да ги зголемиме капацитетите, на пример ако сега на едно место им е 3 контејнери по кубик или 0.700, ние ќе ставиме да речеме од прилика 7 кубика. Треба да се зголеми капацитетот. Треба да се потрудиме веќе смет да не се гледа, ако не друго барем по главните улици. Треба да ги замениме на сите и реконструираме сите лифтови на згради изградени пред 1990-та година. Да ги замениме сите фасади пред 1990-та година. Да нема повеќе азбесни кровови во Карпош, се што ќе видите бел кров во општина Карпош ние само исклучиво само бел лим даваме. Секој млад човек кој ќе наполни 18 години Општина Карпош ќе му плати полагање за возачка обука. Брачни парови во Карпош, Бардовци се што имаме државно земјиште ќе направиме мали парцели по 200 квадрати ќе им се даде, и нема да се плати комуналии. На брачните парови само задача е да се изградат куќа, вети Јакимовски.

Јакимовски додаде дека проектите кои ги нуди на граѓаните на Карпош се реални и остварливи.