Партијата Вреди денеска го објави Јакуп Хусеини како свој кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори.
Од партијата соопштија дека Хусеини е магистер по правни науки и во моментов работи како државен службеник во Општина Брвеница. Според Вреди, неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле добро да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува општината.
„Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината. Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности“, соопштија од Вреди.
Од партијата додаваат дека на вонредните избори во Брвеница настапуваат со кандидат со правно образование, професионално искуство и непосредно познавање на состојбите во општината
