Проектот за реконструкција на атмосферската канализација вреден 2,2 милиони евра обезбедени преку грант од КФВ банка, се реализира во Кавадарци.

На повеќе улици ќе се врши реконструкција на атмосферската канализација, но и одвојување на фекалната од атмосферската.

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претставници на германската банка денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на атмосферската канализација на улица „Вардарска“.

Тие побараа трпение од граѓаните поради забавувањето кое ќе се случи во сообраќајот сооглед на поголеми градежни зафати кои ќе се реализираат наредните месеци.

Јанчев посочи дека улиците каде што ќе се вршат прокопи по завршените активности ќе бидат вратени во првобитна состојба.