Очите на јавноста се вперени кон тепачката на директорите на основни училишта во Кавадарци, а за ова со став се јави и првиот човек на општинта кој најави нивно разрешување.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за „Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.
-Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник – изјави Јанчев.
Инаку, претходно за овој настан се појави и видео кое набрзо беше избришано од социјалните мрежи. Останатите детали за ова скандалозно однесување на директорите може да ги прочитате во продолжение.