Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, уверува дека истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани се води темелно и одговорно.
Во објава на социјалните мрежи, Јанев нагласи дека сите надлежни институции работат со врвен интегритет за расветлување на случајот.
Истрага за трагедијата во Кочани: Професионална реакција на МВР, вели професор Димовски
„Во најтешките моменти, кога сите сме во неизмерна тага, полицијата некомпромисно работи. Секој еден, без оглед на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата,“ порача Јанев.
Тој додаде дека одговорноста е неопходна и дека јавноста заслужува вистината за оваа трагедија. Истражните органи продолжуваат со активностите за утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Извор: Курир