Јапонскиот премиер Фумио Кишида вчера одржа прес-конференција на која најави протерување на осум руски дипломати и целосна забрана за увоз на руски јаглен.

– Русија постојано го прекршува меѓународното хуманитарно право, убивајќи цивили и напаѓајќи нуклеарни централи. Тоа се непростливи воени злосторства, изјави Кишида.

Јапонија продолжува да воведува санкции против Русија во координација со САД и европските земји.

– Јапонија стои заедно со Украина, истакна Кишида пред новинарите.

Јапонија е трет по големина увозник на јаглен во светот по Индија и Кина. Русија учествува со 11 отсто од увозот на јаглен во Јапонија.