Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада денеска и нареди на армијата да се подготви да собори севернокорејски шпионски сателит доколку почне да паѓа на јапонска територија.

Хамада им наредил на вооружените одбранбени сили да ги направат неопходните подготовки бидејќи потенцијално може да „нареди уништување на балистички ракети“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Подготовките вклучуваат аранжмани за распоредување на војници во јужната префектура Окинава за „минимизирање на штетата во случај на пад на балистичка ракета“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека подготовките за планираното лансирање на првиот шпионски сателит во земјата треба да продолжат да се спротивстават на заканите од САД и Јужна Кореја, објавија претходно државните медиуми.