Јован Јаулески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ жестоко се обрати до премиерот Ковачевски и го прашува зошто не бара оставка од Мерко по ставањето на црната листа од Стејт Департментот.
Пратеникот кој по потекло е од Струга, во напишаното додава дека сосема е очекувано за човек од таков калибар и сите камо што вели во објавата, се сложуваат со наведеното од страна на Амбасадата на САД дека присвоил средства и се меша во правосудниот систем.
„Но, прашањето е, зошто органите на прогонот не покренат постапка? Зошто од 14 кривични пријави до 2021 година 9 се отфрелни од струшкпто ОЈО, 1 од ОЈО ГООК , а за другите нема никаков епилог? Зошто нема ниту еден предмет против него? Зошто Таче, кој наместо да ја поздравува одлуката не побара оставка од Мерко? Или го штити како коалиционен партнер па врши притисок преку судиите, а ваму глуми добар пријател на Америка?“, прашува Јаулески.
Според него, многу одговори треба да се дадат на македонската јавност, но и на надлежните институции.
„Многу работи треба да се променат во оваа држава, чиј темел на сите проблеми се ДУИ и СДС, кои се изворот на криминалот во Македонија. За потсетување, Рамиз Мерко не беше кандидат за градоначалник од ДУИ во 2013 година токму на силното противење на ВМРО- ДПМНЕ како владеачка партија. После изборите, кога власта ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ, работите ќе си дојдат на свое место.
Ќе има одговоност за секој кој крадел и се богател со народни пари, без разлика за која вера, нација или припадност се работи“, подвлекува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.