Бугарската потпретседателка Илијана Јотова ја коментираше националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија“ што се одржа во Софија.

Таа призна дека има притисок врз Бугарија да го укине ветото за влез на Македонија во ЕУ и „тоа се должи на фактот што не успеавме да воспоставиме рамнотежа меѓу геополитичките интереси и геополитичките одлуки на ЕУ и нашата мала, но многу вредна бугарска правда во однос на процесите во Република Македонија“.

Таков масовен форум досега не е одржан, тоа го признаа сите учесници на конференцијата, додаде таа.

Што се однесува до изјавата на премиерот Кирил Петков дека е можно ветото да се продолжи во иднина, потпретседателката праша „до кога ќе добиваме сигнали однадвор дека Бугарија има две надворешни политики“.

Како мислите дека тогаш стоиме во очите на нашите европски партнери, изјавила Јотова.