Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Добро е што се договорија, ама ние што правиме?

Добро е што се договорија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добро е што Заев конечно попушти и го одложија пописот. А попушти заради тоа што опозицијата на чело со Христијан Мицковски останаа на страната на здравиот разум и ја добија поддршката на огромен број граѓани на кои единствен и најважен приоритет им е здравјето. Бидејќи одење на попис во услови на вакво дивеење на вирусот ќе беше пописна „кланица“. Но, настрана политичките договарања, останува едно прашање да виси и постојано да не измачува сите нас: каде се вакцините по ѓаволите? Секоја чест на Србија и отворените врати од нивна страна за македонските граѓани. Ете, тие среќници што отидоа и успеаја да се вакцинираат, сега можат помирно да дишат и живеат. Ви кажувам, сите мои пријатели кои викендов се вакцинираа во Србија ми рекоа две работи: прво, среќни сме што се вакциниравме и благодарни сме и на пријателска Србија; и второ, сите ние имавме едно такво чувство дека сме понижени и оставени на цедило од сопствената влада, од луѓето кои требаше и мораше да ни обезбедат вакцини. Овие две работи ми ги кажаа буквално сите, и симпатизери на СДСМ, и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, и неопределени граѓани. И трето, бесни и гневни сме на владата што на некој начин сакаа да не спречат да заминеме за Србија. Не смеело полициски час да кршиме, вакцините ќе стигнеле утре, ќе има па ќе нема ре-вакцинација во Македонија…илјадници изговори за да ни покажат дека не сакаат да одиме да се вакцинираме. А зошто не сакаат? Затоа што тоа е огромен блам за нив самите, доказ за нивната неспособност, удар по рејтингот на владата. Па дали е ова возможно, си викам. Каков рејтинг, какви глупости…можно ли е рејтингот да е поважен од здравјето на секој граѓанин.

Ние сме во Македонија, Македонци сме, тука сме и тука сакаме да бидеме, а вие со сила не терате да си заминеме, а после со сила не ни дозволувате да заминеме (да се вакцинираме).
Го истрпевме понижувањето со Грција, го трпиме понижувањето со Бугарија, ама овде за здравје и за живот се работи бре луѓе, како тоа не можете да го разберете. Не, ова е криминал против граѓаните, ова е завера против сопствениот народ.

Стигнале првите дози на вакцини…ќе ми каже ли некој кога јас и мојата генерација ќе дојдеме на ред да се вакцинираме? Во јуни, во ноември, 2022 година? Или најдобро да си фатиме ред и да одиме во Србија? Нервозен сум, бесен сум, тажен сум…, пишува Јован Карчовски.

Добро е што се договорија, ама ние што правиме?
Добро е што се договорија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добро е што…

Posted by Јован Карчовски on Monday, March 29, 2021