Македонскиот земјоделец барем за миг може да биде спокоен. Во текот на вчерашниот ден, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ повторно успеаја да ја спречат власта преку штетните законски решенија да наштети на голем број на македонски земјоделци, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како народни избраници имаме одговорност и обврска да ги штитиме и браниме интересите на сите граѓани подеднакво, вклучително и земјоделците. Токму затоа, слушајќи ги потребите и барањата на земјоделците, до Собранието поднесовме Предлог закон за измена на Законот за фитофармација со што ја избегнавме опасноста од затворање на речиси сите земјоделски аптеки по 25ти декември оваа година, како што предвидуваше власта. Исто така, со нашиот Предлог на закон, го отстрануваме ризикот од создавање на сериозни проблеми за земјоделството од монополско здружување на фитофармацевските економски оператори, зголемување на цените, создавање на црн пазар, помала примена на препарати за заштита, прихрана и вештачки ѓубрива, ограничување во примената на добрата земојделска пракса и по тој основ отежнато исполнувањето на условите за добивање на земојделски субвенции, како и помал принос по единица површина и намалување на вкупниот обем на земојделско производство во услови на глобална прехранбена криза. Токму досегашното законско решение ќе резултираше со овие горенаведени штетни последици по македонските земјоделци и македонското земјоделство во целина. Сепак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со колегите пратеници од коалицијата по којзнае кој пат излезе во пресрет на барања на земојделците, вели Јованчев.

Тој додава дека во многу наврати досега се покажало дека секогаш кога земјоделците се ставени во тесно и немаат излез, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се браникот на нивните интереси и застапник на нивните потреби. Секогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат слух и разбирање за земојделците. Така беше и вчера.

-Се надеваме дека колегите од мнозинството кога овој Предлог закон ќе дојде на дневен ред за гласање ќе го прифатат ова наше позитивно законско решение и ќе покажат дека навистина се грижат за земјоделците дури и во услови на тешка криза која што владее во Република Македонија, истакна Јованчев