Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15 јуни 2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети „исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови“.
Со наведената измена, вршењето на наплата со „МКард“ на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат „МКард“ ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
• електронска наплата (MTAG / MCARD)
• готовинско плаќање (CASH)
Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:
• зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
• црвен икс (X) – означува затворена лента
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.
