Зимската атмосфера веќе го зафати Националниот парк „Пелистер“, каде снежната покривка на надморска височина од 1.600 метри достигнала 40 сантиметри.
Од Националниот парк информираат дека планинските патеки до 1.800 метри се лесно проодни, но за движење е задолжително користење зимска планинарска опрема.

Надлежните упатија благодарност до екипите на „Македонија пат“ за навремената реакција и обезбедената проодност на патот до Инфоцентарот на НП „Пелистер“ и хотелот „Молика“.
