Тие велат дека единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи во предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот.
– Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, додаваат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.