Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа, да се спречат евентуални несреќи кои можат да настанат.

– На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки, посочи градоначалникот Александар Стојкоски.

Меѓу улиците, опфатени се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, улицата „1596“ „49“.

Како општина, Ѓорче Петров апелира возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината со која се движат и истата да ја прилагодат согласно законските регулативи.