Манчестер Јунајтед е подготвен да достави понуда до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ во случај Френки де Јонг, големата желба на тренерот Ерик тен Хаг, и понатаму продолжи да инсистира да остане во Барселона. Клубот од „Олд Трафорд“ и претходно беше поврзуван со српскиот играч за врска на Лацио, но таа зделка никогаш не се реализираше поради барањата на римскиот клуб кои надминаа 100 милиони евра.

Неговата цена повеќе не е иста, но 27-годишниот играч од средниот ред има валиден договор со Лацио до крајот на јуни 2024 година и не покажува намера да го напушти клубот. Јунајтед многу го сака Де Јонг, Барселона е подготвена да го продаде, но самиот играч е против таков трансфер.

Една од причините е тоа што Манчестер Јунајтед не е во Лигата на шампионите, а истото може да го одврати и Милинковиќ-Савиќ од потенцијален трансфер, тврдат италијански извори.