Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА), соопшти дека на лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина. Агенцијата, претходно неделава, објави дека ја прекинува употребата на вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека постои поврзаност со случаите на тромбоза.

Здравствените институции во Јужна Кореја ги испитаа материјалите на ЕМА околу ова прашање и заклучија дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.

Донесена е одлука да не се користи вакцината на „Астра Зенека“ кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.