– Досегашните апели по социјалните мрежи и при непосредните контакти со луѓето, кабастиот отпад да не се одлага крај контејнерите за комунален отпад никако да вродат со плод, бидејќи нашите замолници како да не допираат до граѓаните кои и понатаму стариот мебел, отпад при чистење на дворовите и друг не комунален отпад го оставаат крај самите контејнери, а често се случува градежен шут, како стари плочки, кршен бетон и друго да се ставаат во самите контејнери, кои при утовар прават огромни штети врз нашите камиони за транспорт на комунален отпад, вели Зенел Јонузи директор на ЈКП „Комуналец“, кој им сугерира на граѓаните повеќе да соработуваат со нивната компанија за да имаат почист град.

Јонузи апелира до граѓаните освен комуналниот отпад, ништо друго да не фрлаат во и крај контејнерите за комунален отпад. Тој додаде дека кога жителите имаат кабаст отпад било да се работи за стар мебел, градежен шут или отпад што останува при чистење на дворовите да се јават во компанијата, при што отпадот ќе биде подигнат од нивниот двор и одложен таму каде што му е местото.