Шест и пол месеци откако на прва свечена и гламурозна церемонија започнаа со градба коридорите 8 и 10Д кај Гостивар, 6 ипол месеци ниту еден метар нов асфалт.
Ништо од најавите на Ковачевски дека со полна пареа ќе се градат автопатите на коридорите 8 и 10Д. Само сликање и изјави, а по завршување на церемонијата на локациите каде треба да се гради автопат, нема ниту една машина ниту еден работник.
И од овој проект владата на ДУИ и СДС прави криминал со парите на граѓаните.
Скандалозно е тоа што главен подизведувач на овие проекти се јавува фирмата Еуровиа, која е главен партиски донатор на ДУИ. За ДУИ и СДС нема ништо спорно со тоа што фирма која секоја година донира на сметката на Демократската унија за интеграција милиони евра, а добива пари од државата. Јасно е дека парите кои ќе ги земе Еуровиа директно ќе завршат на партиска сметка на ДУИ. Претходно истата оваа фирма доби директно тендер од МНР и Бујар Османи за трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на настан.
Целосен молк од страна на Јавното обвинитество за овој скандал, молк и од антикорупциска комисија.
За многу скоро одговорност за секој криминал ќе има. Никој нема да биде амнестиран за секој криминален тендер и сторен криминал.