Од целиот изборен дебакл кој го доживеа СДСМ врвот беше во втората изборна единица каде од СДСМ едвај како пратеници влегоа носителот и коносителот на Изборната единица.
Ваков дебакл не е запамтен во историјата на независна Македонија каде носители на ИЕ2 од СДСМ освоиле само две места. Особено ако се земе предвид дека Оливер Спасовски изгубил дури и во своето маало.
Фатмир Битиќи кој беше коносител на изборната единица и е потпретседател на СДСМ веќе поднесе оставка, а од Оливер Спасовски нема ни трага ни глас.
Во изборна единица 2 како пратеници не влегоа некои од истакнатите членови на СДСМ како Мартин Костовски и Марко Михаиловски.
Моќното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Владо Мисајловски има девет мандати. Освен него, овде влегуваат и Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска.
ДУИ има 4 мандати, ВЛЕН 3, а сметките ги „поматија“ ЗНАМ и Левица со по еден пратеник.