Каква е оваа еколошка такса на Владата на Зоран Заев, кога ваква такса нема во ниту една земја во Светот? Како може преку покачување на нафтата и нафтените деривати за 4,16 дена да се чува и штити околината? Најпрво го загадија воздухот со штетен токсичен мазуп, па сега ќе воведуваат еколошка такса, пишува Комисијата за енергетика на ВМРО ДПМНЕ.
Еколошката такса е чиста манипулација на народот. Со намалување на ДДВ-то за електричната енергија на 5%, демек го штитат народот од покачување на електричната енергија, а од друга страна го товарат со дополнителни давачки за еколошката такса. Позадината на оваа манипулација е Владата да собере повеќе пари во веќе празниот буџет. А, од кој ќе собере кога нема инвестиции, ако не од народот. Народот џабе се радува дека сметките за електричната енергија ќе бидат истите со намалување на ДДВ-то, но кога ќе се свести ќе треба да плати за 60% и повеќе давачки за еколошка такса.
Доколку Регулаторната комисија за енергетика не ја зголемеше цената на електричната енергија, а останеше исто ДДВ-то за испорачани количини на електрична енергија од 3.553.594.690 kWh по цена од 4,9231 ден преку Универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме во Буџетот на Владата требаше да се слеат 51.204.132 евра.
Каде е манипулацијата на народот? Со намалување на ДДВ-то на на 5% и за количина на испорачана електрична енергија од 3.553.594.690 kWh по цена од 5,4161 ден преку Универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме во Буџетот на Владата ќе се соберат околу 15.648.879 евра. Ако на тоа се додадат 4,16 денари за литар нафта и нафтени деривати за количина од 938.356.000 литри за еколошка такса, тогаш во буџетот би се влеале 65.532.649 евра. Тоа значи дека заедно со двете мерки ( 5% ДДВ за електрична енергија и еколошка такса) се очекува да се соберат околу 81.181.528 евра.
Целта на оваа Влада преку ДДВ-то на електричната енергија и еколошката такса да собере повеќе од 81.000.000 евра. Имајќи во предвид дека ова е груба пресметка и не се земени во предвид покачувањата за врвната моќност која значително е зголемена, тоа значи дека Владата ќе го наполни буџетот за повеќе од 85.000.000 евра со врвната моќност. Со сите овие давачки за ДДВ-то и зелената такса, Буџетот би се зголемил за 59%.Влада многу перфидно ќе го изманипулира народот и наместо 51.000.000 евра, ќе му земе повеќе од 85.000.000 евра. Народот ќе го осети на свој грб доколку се донесе 3аконот за еколошка такса и по добивање на наредните фактури за електрична енергија. Згора на сẻ, ќе следи спирала на покачувања на сите производи и уште поголема сиромаштија и невработеност.
Е тоа е експертскиот тим на Заев кој се занимава со економија:„ ти дава едно, а ти зема две“ па згора на сẻ „те тепа и не ти дава да плачеш“.
Комисија за енергетика н ВМО-ДПМНЕ
Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ