На социјалните мрежи вчера се појавија шпекулации за здравствената состоба на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Според некои тој имал мозочен удар и бил хоспитализиран, додека други тврдеа дека починал.
На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се гледа како Ердоган тешко се движи. Додека портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун на Твитер објави видео како турскиот претседател излегува од возило без помош.
– Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателите, напиша Алтун на Твитер.
Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица кои на Твитер објавија дека починал Ердоган. Тие можат да бидат обвинети поради наводно ширење на „дезинформации и манипулативна содржина“ како и наведување на Ердоган.