Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина, се вели во официјалната објава.
За време на директниот телевизиски пренос од натпреварот меѓу грчката и македонската машка ракометна репрезентација, на графичкиот приказ стоеше кратенката NMKD наместо официјалниот код.
По ваквата ситуација уследи официјална реакција од страна на македонската ракометна куќа.
„Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција“, соопштија од РФМ.
„Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина“, порачаа од федерацијата.
