Во Скопје е променливо облачно, а попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Tемпературата ќе достигне 31 степен, релативната влажност 77 проценти, а ветерот пет метри во секунда.

Според УХМР, во следните два дена во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со
краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.