Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го доведе во прашање образложението на Вашингтон за воведување нови царини за европски стоки. Според неа, обвинувањата за недостаток на контрола врз принудната работа во ЕУ се неосновани.

Не можете да го кажете тоа за ЕУ, изјави Каја Калас за Ројтерс на маргините на самитот на АСЕАН во Манила.

„Ако ги споредите законите за труд во ЕУ со оние во Соединетите Американски Држави, имаме платени годишни одмори, многу добри услови за работа за вработените, така што обвинувањата не се основани“, нагласи Каја Калас.

Администрацијата на Доналд Трамп воведе нови царини во висина од десет до 12,5 проценти за стоки од 60 земји, вклучувајќи ги и членки на ЕУ, од денес, под обвинувања дека нема доволно контрола врз принудната работа.

На прашањето дали очекува ЕУ да биде вклучена во најновите одлуки на САД, Каја Калас одговори негативно.

„Кој може да следи што се случува со царината? Не, не го очекувавме ова“, рече таа.

Каја Калас најави дека ЕУ ќе побара појаснување од Вашингтон, потсетувајќи дека минатата година беше постигнат трансатлантски трговски договор, па затоа новите царини беа шок.

„Имавме договор со Америка и се придржувавме до тој договор, од страница до страница. Затоа е негативно изненадување што тие не се држеа до договорот“, заклучи таа.