Одбиена е гаранцијата од 1,8 милиони евра која бизнисменот Јордан Камчев ја понуди за да излезе од притвор. Кривичниот суд донесе ваква одлука за последната понудена гаранција.
„Кривичниот совет постапувајќи по предлогот на одбраната донесе првостепено решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор и замена за друга мерка за обезбедување присуство се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд Скопје, велат од Кривичниот суд – Скопје.
Претходно Адвоктот на Орче Камчев во предметот „Плацевите на Водно“ Еленко Миланов рече дека ова е втор обид со понудена гаранција да биде ослободен од притвор и дека тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму.
Здравјето на Камчев е влошено рече Милнаов кој побара од судот да ја прифати гранацијата бидејќи сумата ја надминува целата фианнсиска штета од 1,3 милиони евра за која обивнитлството ги гони петмината обвинети.
Инаку 1,5 милиони евра од гаранцијата е во недвижен имот и 200.000 долари.