Камениот Мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање конечно се санира, информира Град Скопје.

Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на Вардар.

Осветлувањето на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје со години беше во лоша состојба. На делови од мостот останаа само кабли од украдените светилки, поради што Камениот Мост во вечерните часови беше во мрак, посочуваат од Град Скопје.

Камениот Мост е една од најфреквентните пешачки врски во централното градско подрачје, поврзувајќи ги плоштадот „Македонија“ и Старата скопска чаршија