Канадските војници им помагаат на илјадници жители кои останале заробени по невремето што ја погоди областа во неделата навечер.
Премиерот Џастин Трудо вети помош за време на посетата на Вашингтон и рече дека војската ќе помогне во обновата.
Една жена загинала, а две лица се водат за исчезнати во одроните.
Илјадници луѓе биле евакуирани по т.н атмосферската река – долга нишка на концентрирана влага во атмосферата која носи вода од тропските предели до половите – ја исфрли просечната месечна количина дожд во регионот за само 24 часа.
Властите во регионот ја припишуваат природната катастрофа на ефектите од климатските промени.
Влијанието на климатските промени врз фреквенцијата на бурите сè уште е нејасно, но познато е дека покачените температури на морската површина го загреваат воздухот и ја зголемуваат енергијата за формирање на урагани, циклони и тајфуни. Како резултат на тоа, поекстремните врнежи веројатно ќе бидат поинтензивни.
Светот веќе се загреа за околу 1,2 степени од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не придонесат за нагло намалување на емисиите.
Поплавите во Британска Колумбија го блокираа пристапот до најголемото пристаниште во земјата и уништија неколку важни патишта, предизвикувајќи лизгање на земјиштето што им се заканува на илјадници луѓе и однело најмалку еден живот.
Официјални лица предупредуваат дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи се уште има исчезнати лица.
-Сведоци сме на природна катастрофа, рече провинцискиот секретар за јавна безбедност Мајк Фарнворт доцна во вторникот.
Си-Ен-Ен објави дека градот Аботсфорд, кој се наоѓа во близина на Ванкувер, имал рекордни количини врнежи, само 140 дена откако забележал и рекордно висока температура во историјата.
Градот е познат по својата млечна индустрија, па фармерите во вторникот се мачеле да ги спасат своите животни од надојдената вода.
Неколку градови се целосно отсечени, а најмалку еден известува за можност за недостиг на храна.
Џеф Кун, свештеник на црквата во Хоуп, град со 6.000 жители на околу 160 милји источно од Ванкувер, рече дека 1.500 луѓе бараат засолниште.
-Не остана многу во продавниците. Тие не можат да се надополнат бидејќи патиштата не се проодни, изјави тој за канадската државна телевизија.