Иако изборите се одржуваат во време на длабока политичка и институционална криза во Црна Гора, кампањата ја одбележа значително помирна атмосфера во однос на сите претходни избори, пренесува Aljazeera Balkans.
На полноќ ќе започне изборниот молк пред вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора што ќе се одржи в недела. Граѓаните ќе го изберат новиот шеф на државата меѓу двајца кандидати – Мило Ѓукановиќ од ДПС и Јаков Милатовиќ од движењето „Европа Сад“. Иако изборите се одржуваат во време на длабока политичка и институционална криза во земјата, кампањата ја одбележа значително помирна атмосфера во однос на сите претходни избори.