Откако станарите од блоковите во Нов Белград ги спречија работите на реконструкција на инфраструктурата на Сава кеј, граѓаните од тој дел од градот деноноќно дежураат во близина на градилиштето. Додека активистите тврдат дека работите се незаконски и ќе го оштетат насипот, градоначалникот на Белград најавува кривична пријава против активистите за, како што вели, ширење паника. Зборуваа и претставниците на сопствениците на сплавовите за кои се гради инфраструктурата.